Правила и услови

1. Веб страната shoppingusa.com.mk е посредник при купување на производи во Америка според нарачките на клиентите во нивно име ги нарачува производите од е-продавниците во Америка и ги транспортира на виртуелната адреса на клиентите во Америка, и го обезбедува транспортот на производите од Виртуелното поштенско сандаче до адресата на клиентот во Македонија.Ние не сме продавачи и снабдувачи на производите туку Провајдер или само лице кое ги врши наредбите на клиентите за испорака на производите и други слични услуги на купувачите според општите услови за Провајдер ("Service").

2. Информациите и моменталната понуда на веб-сајтот на Провајдер е само за информативни намери и Провајдерот не може да гарантира за комплетноста, навременоста, точноста, автентичноста, достапноста и компатибилноста на понудените производи, така што сите податоци за понудите добиени од јавни извори достапни преку Интернет и сите информации наведени таму , се сметаат како добиени од трети страни. Целосна одговорност е на клиентите да ја утврдат навременоста и валидноста на понудите пред да се направи нарачка. Сите трговски марки и авторски права наведени на сајтот се задржани на нивните легитимни сопственици, што значи дека сите логоа на брендови истакнати на нашата страна се од информативен карактер и сите права им припаѓаат на нивните сопственици т.е. страната www.shoppingusa.mk нема никаква врска со нив.

3. Правата на клиентот за користењето на профилот (виртуелно поштенско сандаче) и провизијата за услугата, по целосната исплата на нарачката на веб страната на провајдерот. Во случај да клиентот не плати целосно за услугата, давателот на услугата е овластен привремено да ги задржи производите, или да ја откаже услугата се додека не се исплати целосната вредност на услугата. Провајдерот е одговорен за наплата на услугата која се состои од купување на производите, пакување, пренасочување до Македонија за што наплаќа процент од вкупната сума на производите до влез во Македонија. Клиентот е потребно да не извести доколку дојде до било какви промени во неговите барања.

4. Провајдерот закупува привремена виртуелна адреса (виртуелно поштенско сандаче) во Америка за да се извршува набавка на добра, за комерцијални и некомерцијални клиенти, и за своја употреба. Производите ставени во сандачето, мора да се придржуваат со законите и прописите кои се применуваат во сите држави кои го регулираат начинот на стекнување, поседување, користење или превоз опасни материи, оружје, дрога,итн.

5. Провајдерот го задржува правото да ја отвори било која пристигната нарачка и да ја препакува во помали пакувања погодни за складирање и препраќање до купувачите. Провајдерот ќе користи правилно избрани методи за прибирање на нарачките и за нивно препраќање до вашата адреса во  Македонија и во рамките на роковите на услугата. Клиент прифаќа дека провајдерот може да побара плаќање на лежарина за повеќе од одредениот период на складирање на стоката во виртуеленото сандаче и истата да биде уништена после три месеци од издавање на фактурата за транспорт, или да бара дополнителни такси за задоцнето плаќање на давачките за услугите по сегашниот ценовник.

6. Гаранција на производите се однесува, врз основа на дадената гаранција. Вообичаено гаранција во Америка е само 1 година на нови стоки. Клиент признава дека одредени видови на стока не се компатибилни со Европските технологии и стандарди, и провајдерот не е одговорен за овие разлики и не е должен да ја надомести или замени стоката.

Клиентот потврдува дека износот за било каква поплака, вклучувајќи ги и трошоците на испорака на стоката назад до продавницата се на негов терет. Провајдерот на услугата со меѓусебна соработка ќе му помогне на клиентот во спроведувањето на жалбата.

Ако во виртуелното сандаче пристигне оштетена стока, Провајдерот ќе го извести клиентот за тоа, и ќе побара враќање на производите. И поради тоа ќе има задоцнување на производите.

Кога клиентот нарачува производи со услугата асистирано купување или купување од аукции/тендери, провајдерот гарантира отплата на осигураната сума од страна на клиентот во загуба или уништување. Оваа гаранција важи и за стока испратена од страна на превозникот во Америка, и препратена до крајниот примач.Сумата на надоместокот е во износ на осигураната вредност од страна на клиентот и може да достигне максимум од 2500 американски долари за стока, испратена до Македонија.

Клиент признава дека провајдерот не е одговорен за штета и загуба на стоката во транзит, клиентот има дискреционо право да ја осигурува пратката и дека роковите за испорака до Македонија наведени на страната не се гарантирани бидејќи во таа услуга провајдерот ги користи услугите од трети компании и за нив важат правилата и условите од тие компании.

7. Враќање на производите и повраток на платените средства. За враќање на производите, дирекно важат правилата за "Враќање производи" од продавницата од кои се тие купени, плус трошокот за превоз од Америка до Македонија и обратно - тоа е на терет на клиентот. Повраток на платените средства е возможен доколку производите кои клиентот ги нарачал и платил не можат да се купат или неможат да се испорачаат надвор од Америка, тогаш со консултација на клиентот се извршува враќање на средствата минус 10 долари за банкарските трошоци или користење на истите во нивната наредна нарачка.

8. Провајдерот не може да гарантира за исходот на царинење на стока.

9. Заштита на податоци. Провајдерот собира лични податоци само за извршување услуги и не објавува такви информации на трети лица, освен кооперанти потребни за извршување на таквите услуги (продавачи на стоки, транспорт, државните органи, итн). Ракување и чување на лични податоци е утврдено со Закон.

10. Купувачот се согласува со овие правила во целост, и со регистрација го ПОТВРДУВА читањето на овие Општи услови и се обврзува дека ОВИЕ ОПШТИ УСЛОВИ имплицитно го следат.

11. Општите правила и услови стапуваат во сила веднаш од 01.04.2010 и во случај на спор надлежен е судот во NJ, USA

За повеќе информации јавете се на +1 908 718 1138  или пишете ни на  SHOPPING USA/EU LLC , 117. Е. GIBBONS ST , LINDEN , 07036 , NJ , USA - сопственик на веб страната.

 

start_shopping

Јазик

Флаери и промо кодови